Дополнителни пет денари субвенција за килограм оризова арпа
Дополнителни пет денари субвенција за килограм оризова арпа, произведена и предадена во преработувачки капацитети од 1-ви октомври до 25-ти декември годинава. Парите ќе бидат исплатени од програмата за финансиска поддршка за 2019-та. Во меѓувреме, Организацијата за храна и земјоделство на ООН и земјава ставија потпис на четири регионални проекти...

Дополнителни пет денари за килограм ориз за регистрираните откупувачи е новата владина интервентна мерка за земјоделците- производители на ориз. Со одлуката ќе се надмине нарушениот баланс меѓу понудата и побарувачката и ниската откупна цена на оризот, изјави министерот Николовски.
Министерот истакна дека зголемено е и скалестото рангирање од минумум 10 хектари на 20, за исплата на 100% од субвенцијата, а дополнително доколку се користи семенски сертифициран ориз, замјоделците добиваат 3.000 денари по хектар.
Николовски ги потпиша договорите со организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации за четири нови регионални проекти во вредност од 1, 5 милиони долари. Проектите се дел од програмската рамка на ФАО и Владата на РМ, а се насочени кон зголемување на конкурентноста на земјоделскио сектор, подобрување на животот во руралните средини и одржливо управување со природните ресурси.
Посебен акцент беше ставен на проектот за борба против Африканската свинска чума-најсмртоносна заразна вирусна болест кај домашните и дивите свињи.
Марина Стојанова- Тонева
