Метео: Променливо облачно и студено време
04.12.2018 16:25
Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Утре во Македонија во раните утрински часови се очекуваат слаби локални врнежи од дожд, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне до 11 степени. Во следните два дена се очекува претежно стабилно и суво време.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
