30- дневен притвор за поранешниот директор на УБК
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски, синоќа уапсен и изведен на распит во Кривичниот суд. Се сомничи дека сторил кривично дело- здружување поради непријателска дејност. Доби 30- дневен притвор...

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски, кој синоќа беше уапсен и изведен на распит пред истражен судија, по предлог на Обвинителството доби 30-дневен притвор.
Беше пренесен во истражниот затвор во Шуто Оризари. Се сомничи за кривично дело- здружување поради непријателска дејност.
Тој беше посочен од дел од обвинетите за настаните од 27-ми април во Собранието дека го организирал упадот во Парламентот.
Во 2016-та година го наследи директорското место во УБК од Сашо Мијалков.
