Македонија и Западниот Балкан на денешната агенда на НАТО

05.12.2018 10:30

На министрите ќе им се придружи и шефицата на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини.

На вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите- членки на НАТО, ќе се одржи брифинг за Западниот Балкан. На министрите ќе им се придружи и шефицата на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини.

Тема на разговорите, меѓу другото, ќе биде напредокот на Македонија кон членството во НАТО, и приближувањето на Босна и Херцеговина кон Алијансата.

Шефот на дипломатијата Димитров ќе учествува и на состанокот на Севернатлантскиот совет со земјите партнери во мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан.

Предвидено е Димитров и Шекеринска да имаат средба и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.