Зелена нафта за земјоделците од 2019-та година
Од идната година земјоделците ќе може да сметаат на субвенцијата за таканаречената зелена нафта. Реализирањето на оваа финансиска поддршка според надлежното министерство ќе стигне в година, поради тоа што ова е нова мерка и моделот треба да се тестира за да се избегнат евентуални злоупотреби.

Земјоделците со нетрпение ја очекуваат долго најавуваната нова мерка во субвенциите. Така наречената „зелена нафта“ фармерите треба да ја добијат следната година.
Според ресорното министерство, зелената нафта ќе биде навреме како што е планирано со оглед дека овој модел на поддршка е нов, се уште се тестира и наскоро ќе биде јавно презентиран.
Направена е методологијата врз основа на која земјоделските стопанства ќе добиваат „зелена нафта“. Со Платежната агенција се дефинира начинот како ќе биде достапна за земјоделците, а ќе се направат и пресметки за 2019 година за да се проценат вкупните трошоци за кои ќе бидат одвоени дополнителни средства.
Инаку првично беше најавено дека износот за субвенцијата ќе се утврдува според потрошените средства по земјоделски производ или групи на производи искористени за обработка на земјоделската површина во текот на една производствена година.
Методија Трајков
