Пет селекции убедливи, една се провлече во втората фаза

05.12.2018 11:07

До комплетирање на мечевите во првата фаза, остануваат дуелите во групите Ц и Д, а тоа се средбите Холандија - Хрватска и Унгарија - Шпанија, однодно Германија - Чешка и Норвешка - Романија.

Репрезентациите на Србија, Шведска и Данска, со по две победи во групата А се пласираа во втората фаза по групи на женскиот ракометен континентален собир.

Русија и Франција во групата Б исто така остварија по две победи, Црна Гора со една победа помина во втората рунда.

До комплетирање на мечевите во првата фаза, остануваат дуелите во групите Ц и Д, а тоа се средбите Холандија - Хрватска и Унгарија - Шпанија, однодно Германија - Чешка и Норвешка - Романија.

Холандија, Шпанија и Унгарија од групата Ц се квалификуваа, Хрватска испадна. Останува, по пласманот на Романија и Норвешка од групата Д, Германија и Чешка во директниот дуел да решат која селекција ќе оди понатаму.

За нас, овој шампионат е битен затоа што од конечниот поредок на европското првенство што се игра во Франција, ќе го добиеме противникот во бараж средбите за пласман на следното светско првенство.