Блокотехна победи во првиот меч во БИБЛ
05.12.2018 11:10
Најдобар кај нашиот претставник беше Данило Мијатовиќ, кој што постигна 37 поени, со 6 прецизни удари за три поени од 11 упатени.

Гевгелиската екипа славеше против Академик Бултекс со 89:74, во првиот настап во регионалното натпреварување, сезонава.
Најдобар кај нашиот претставник беше Данило Мијатовиќ, кој што постигна 37 поени, со 6 прецизни удари за три поени од 11 упатени.
Гостите од Бугарија беа во игра до 34-та минута, кога нашиот претставник имаше серија од 14:1 со што го реши натпреварот.
Во следното коло, Блокотехна гостува во Албанија, на 11-ти декември кај екипата на Теута.
