Почнува јавната расправа за измените на Уставот
Според предвидувањата, промените на Уставот би можеле да завршат до половината на јануари, а за да стапат во сила потребно е Грција да ја ратификува спогодбата од Преспа и пристапниот протокол на Македонија за членство во НАТО.

Откако во собранието беа усвоени четирите нацрт- уставни амандмани, од денеска почнува јавната расправа за измените на уставот, што може да трае до пет дена. Потоа следува третата, завршна фаза, во која за усвојување на амандманите на највисокиот правен акт е потребно двотретинско мнозинство, односно 80 гласа „за“.
Според предвидувањата, промените на Уставот би можеле да завршат до половината на јануари, а за да стапат во сила потребно е Грција да ја ратификува спогодбата од Преспа и пристапниот протокол на Македонија за членство во НАТО.
А, опозициската ВМРО-ДПМНЕ попладне повторно на протест пред Владата. Се очекува уште еднаш да се потенцираат како што велат од партијата, штетните политики на Владата и капитулантскиот договор со Грција за името.
