ВМРО-ДПМНЕ попладне повторно на протест пред Владата
05.12.2018 11:24
На минатонеделниот собир, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски најави крај на националното понижување и погубните економски политики. Рече дека ќе го порази Заев на избори.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ попладне повторно на протест пред Владата. Се очекува уште еднаш да се потенцираат, како што велат од партијата, штетните политики на владата и капитулантскиот договор со Грција за името.
На минатонеделниот собир, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски најави крај на националното понижување и погубните економски политики. Рече дека ќе го порази Заев на избори.
Мицкоски повика на обединување на партиското ткиво, но побара поддршка и од граѓаните кои се противат на политиките на владата.
