Меј: Договорот за Брегзит не е совршен, но е најдобриот можен
05.12.2018 11:55
Таа нагласи дека Велика Британија не се доведува во ризик да се најде во ситуација да бира меѓу Брегзит без договор или воопшто да не ја напушти Унијата.

Британскта премиерка Тереза Меј изјави дека договорот што го постигна со Европската унија за Брегзит, а Парламентот треба да го одобри, не е совршен, но е најдобриот можен.
Таа нагласи дека Велика Британија не се доведува во ризик да се најде во ситуација да бира меѓу Брегзит без договор или воопшто да не ја напушти Унијата.
Поранешниот министер за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, пак, изрази надеж дека Парламентот ќе гласа против договорот за Брегзит. Го нарече „национално понижување“, со кој е исмеана одлуката да се напушти ЕУ.
