Попладне посебен режим на сообраќај низ центарот на Скопје

05.12.2018 12:05

Како што посочуваат од МВР, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот.

Попладенво ќе има посебен режим на сообраќајот низ централното подрачје во Скопје поради одржување на протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска од 17:00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата „Даме Груев“, право по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред зградата на Владата на Република Македонија.

Како што посочуваат од МВР, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.