Турција

Налог за апсење на организаторите на убиството на Кашоги

05.12.2018 12:43

Обвинителството смета дека постои силен сомнеж дека Сауд Ал Катани и генералот Ахмет Ал Асири биле меѓу организаторите на убиството во Саудискиот конзулат во Истанбул.

Турскиот државен обвинител издаде налог за апсење на две лица блиски соработници на саудискиот владетел под сомнение дека го планирале убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Обвинителството смета дека постои силен сомнеж дека Сауд Ал Катани и генералот Ахмет Ал Асири биле меѓу организаторите на убиството во Саудискиот конзулат во Истанбул.

Турските власти соопштија дека одлуката на обвинителството да издаде налог за апсење го одразува ставот дека саудиските власти нема да преземаат формални акции против овие лица.