Вашингтон
Телото на Џорџ Буш изложено во Капитол
05.12.2018 14:03
Државната церемонија ќе се одржи утре во националната катедрала во Вашингтон, каде што ќе присуствуваат странски лидери и поранешни американски претседатели.

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија му оддадоа почит на претседателот Џорџ Буш чие тело е изложено во Капитол во Вашингтон.
Државната церемонија ќе се одржи утре во националната катедрала во Вашингтон, каде што ќе присуствуваат странски лидери и поранешни американски претседатели.
Трамп кој беше отворен критичар на семејството Буш, ќе присуствува на церемонијата, но нема да држи говор во негова чест.
