Нема ништо спорно во притворот за поранешниот прв човек на УБК
Од Коалицијата за правично судење сметаат дека нема ништо спорно во одредувањето притвор за поранешниот прв човек на УБК. Слаѓана Тасева смета дека безбедносниот систем е под силно политичко влијание. Се бара Обвинителството брзо да расчисти кој, како и дали нелегално прислушувал...

Нема ништо спорно во одредувањето притвор за поранешниот прв човек на УБК, Атанасовски, смета Коалицијата за правично судење. Оттаму објаснуваат дека Обвинителството дошло до информации и проценило дека мерката е потребна.
Оправдана реакција на Обвинителството претставува обезбедувањето на Атанасовски, особено што се работи за поранешен висок функционер, смета Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнл- Македонија“. Според неа, не е било чудно и да постоело параразнунавање, бидејќи таа смета оти безбедносниот систем е разорен и под силно политичко влијание.
Обвинителството треба брзо да расчисти кој, како и дали прислушувал. Треба да се вклучат сите институции и да се докаже дали постоеле коруптивни дејствија и во Обвинителството, посочуваат експертите.
Инаку, последните анализи на Коалицијата за правично судење покажале дека 60 проценти од судењата се одложуваат, а реформите бавно даваат ефекти.
Фиљана Кока
