Собрание на РМ

Процесот на помирување има поддршка од европратениците

05.12.2018 14:35

„Процесот на интеграции, на реформи и на помирување е вистинскиот пат по кој мора да се движи Македонија“, вели пратеничката Александрова. Смета дека ова се сензитивни моменти за македонскиот народ и оти нема место за импровизации и манипулации со националните чувства.

Процесот на помирување доби поддршка од претседателот на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, Мекалистер и европратеникот Флекенштајн.

„Процесот на интеграции, на реформи и на помирување е вистинскиот пат по кој мора да се движи Македонија“, вели пратеничката Александрова. Смета дека ова се сензитивни моменти за македонскиот народ и оти нема место за импровизации и манипулации со националните чувства.

Според Александрова, се очекува подобрување на општата атмосфера, особено процесот на помирување, кој вели, е пресуден за нашата држава.

„Ние сме транспаренти и се надеваме дека со таа транспарентност ќе охрабриме повеќе пратеници да се вклучат во овие процеси“, рече Александрова.

Таа најави дека подгрупата треба да одржи состанок до крајот на неделава, кога очекува да биде поднесен предлог- законско решение за амнестија во врска со настаните од 27-ми април.