Кошарка – Евролига

Победи на домаќините!

01.03.2014 16:53

Само Реал не дозволи возбудлив натпревар, во преостанатите три одиграни во петокот во рамките на 8-то евролигашко коло од Топ 16 фазата, завршните минути решаваа за победниците.

Моќниот и финансиски и на теренот и на клупата Фенербахче врза серија од три победи во групата Е откако славеше во Истанбул против Олимпијакос со 78:74. Турската екипа постојано имаше предност, европскиот првак упорно се враќаше во игра се до клучните моменти во коишто непогрешлив беше македонскиот репрезентативец Мекејлеб кој постигна вкупно 20 кошеви. Најефикасен со поен повеќе беше Клеиза.

Во Ф конкуренцијата, драматично беше во Москва кадешто ЦСКА дури во последните моменти на руската пресметка го совлада Локомотив од Кубан со 94:93. Мечот го реши Теодосиќ со 11 поени по ред во самиот финиш. На 4,4 секунди до крајот српскиот плејмејкер изнуди и две слободни фрлања, но поради повреде не ги изведе. Прецизен за победа беше Џексон, но и затоа што во последниот напад за гостите не погоди Јасаитис.

Партизан го спушти Реал Мадрид под просекот од 85 поени, но не можеше да избегне убедлив пораз од 80:57. Љуљ и Родригез беа најрасположени со по 19 поени.

Баерн Минхен остана во сериозна игра за четвртфиналето со триумфот против Жалгирис со 79:73. Литванците кои се најнепријатното изненадување долго имаа водство, но и по седми пат сезонава беа поразени. Тејлор беше играч на натпреварот со 22 поена.

Група Е

Петок: Фенербахче – Олимпијакос                        78:74

Четврток:

Анадолу Ефес - Барселона                           84:89 продолжение

Армани Џинс Милано - Панатинаикос     77:75

Лаборал Куча - Уникаха Малага                 71:81

1. Барселона               8 - 0

2. А. Џ. Милано        5 - 3

3. Олимпијакос         4 - 4

4. Фенербахче            4 - 4

5. Панатинаикос       4 - 4

6. Уникаха М.            4 - 4

7. А. Ефес                   2 - 6

8. Лаборал К.             1 – 7

Група Ф

Петок:

ЦСКА М. - Локомотив К.                            94:93

Реал М. – Партизан                                       80:57

Баерн М. – Жалгирис                                   79:73

Четврток: Макаби - Галатасарај                  97:81

1. Реал М.                   7 - 1

2. ЦСКА М.               7 - 1

3. Макаби                   6 - 2

4. Баерн М.                 4 - 4

5. Галатасарај             3 - 5

6. Локомотив К.        3 - 5

7. Жалгирис               1 - 7

8. Партизан                1 - 7