На Скопскиот аеродром пречекан двамилионитиот патник
Со летот од Катар, на Скопскиот аеродром слета двамилионитиот патник. Со поддршка на државата и со нискобуџетски летови и меѓународни промоции, концесионерот ТАВ проектира, до 2022-та на македонските аеродроми ќе бидат опслужени три милиони патници. Владата очекува до крајот на годината да се избере и нискобуџетската компанија што ќе биде субвенционирана...

Ја пречекаа платен викенд авионски билет и ваучер за шопинг во Доха. Со пристигнување на летот од Катар, македонските аеродроми ја надминаа бројката од два милиони патници. Зацртаа, со државна поддршка и меѓународни промоции ,до 2022-вата да опслужат три милиони. Од ТАВ очекуваат нискобуџетските компании да продолжат да оперираат. Иако изминатите неколку месеци по пропаѓање на двата повика ги нема субвенциите за евтините авиолетови, менаџментот уверува- македонскиот пазар е развиен, бројот на патници се зоглемува, бележи раст од 18 проценти.
„Не сме забалежале пад на бројот на патници во последниот период, напротив имаме пораст од 18 проценти. Сите авиокомпании, не само нискобуџетните, прекинуваат со некоја линија ако не им е профитабилна, бидејќи им се важни приходите, или пак летаат само во тек на летните месеци. „Виз ер“ направи одредени измении има некои летови што се одвиваат само во летните месеци, но тоа е генерална пракса на авиокомпаниите. Пазарот и понатаму е силен и стабилен и воопшто не се плашиме дека ќе има некаков пад или проблем“, рече Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.
По два пропаднати повика за субвенционирање на евтини авиолинии, Владата очекува преку третиот, до крајот на месецов да го избере никобуџетскиот превозник која во следните три години ќе инкасира пет милиони, и од 26-ти март ќе понуди нови дестинации што ќе генерираат развој на авиобизнисот во државава. Се форсира и можноста за национален авиопревозник.
Со преземање на македонските аеродорми во 2010-тата, ТАВ стартуваше со 610 илјади патници и 15 дестинации, сега од Скопскиот и Охридскиот аеродром директно Македонија е поврзана со 38 дестинации на кои оперираат 13 авиокомпании.
Сузана Фиданска- Стоевска
