СДСМ: Насилниците мора да одговараат
Повеќемина од обвинетите за собраниските настани во сведочењето како директен организатор го посочија поранешниот директор на УБК, Атанасовски- изјави Костадинов.

Се одмотува клопчето за монструозниот план на 27-ми април, нарачан од структури под влијание на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, велат од СДСМ. Повеќемина од обвинетите за собраниските настани во сведочењето како директен организатор го посочија поранешниот директор на УБК, Атанасовски- изјави Костадинов.
„Пред неколку месеци Христијан Мицкоски го пратил токму Атанасовски овде, во Собранието, да нуди решенија за реформа на системот за следење на комуникациите, во рамки на работата меѓу партиите за усогласување околу законските одредби. Очигледна е поврзаноста на Атанасовски со антизападниот Христијан Мицкоски и актуелното антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Ете затоа Мицкоски е против помирувањето, затоа повикува на протести и блокади, затоа бара амнестија за нарачетелите и извршителите на насилството“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадинов.
Мицкоски единствено сака да ги спаси од одговорност неговите најблиски соработници и неговиот ментор, криминалецот Никола Груевски- велат од СДСМ.
