ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните немаат доверба во институциите

05.12.2018 15:16

Од партијата побараа одговорност од премиерот Заев и министерот Спасовски.

Цели две години биле прислушувани обвинителите од Обвинителството и нивните соработници, но и шест дена од објавувањето на скандалот нема ниту разрешница, ниту пак, одговорност и оставки- велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата побараа одговорност од премиерот Заев и министерот Спасовски.

„Кој прислушувал, кој се е прислушуван, за колку разговори станува збор, кој е одговорен за прислушувањето и кој дал наредба за прислушување, кој ги има нелегалните разговори и дали разговорите веќе ги имаат луѓе кои што ги користат за уцени и политички пазари за разно разни судски процеси? Ова се прашањата кои треба Заев и Оливер да ги одговорат и тоа веднаш, а не да си ја префрлаат топката и да се кријат позади нивните паушални изјави. Граѓаните немаат повеќе доверба во институциите кои што ги води СДСМ“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Уште веднаш, треба да се повлечат од функциите и Заев и Оливер и сите вмешани затоа што не можат да решаваат ваков случај со прислушување за кој тие самите директно се одговорни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.