Меѓународна истрага за убиството на Кашоги

05.12.2018 16:11

Американски сенатори претходно соопштија дека „се посигурни од кога и да било“ дека саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед Бин Салман е одговорен за убиството на Кашоги.

Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Башелет изјави дека е неопходно спроведување на меѓународна истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Американски сенатори претходно соопштија дека „се посигурни од кога и да било“ дека саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед Бин Салман е одговорен за убиството на Кашоги.

Во меѓувреме, Јавното обвинителство во Истанбул издаде налози за апсење на поранешниот главен советник на принцот Мохамед Бин Салман, Сауд Ал Кахтани и на поранешниот заменик-раководител на саудиската разузнавачка служба Ахмед Ал Асири, под сомнеж дека го испланирале убиството на Кашоги.