Јавна расправа за нацрт-амандманите на Уставот
Втор ден од јавната расправа за предложените измени на Уставот, откако во законодавниот дом беа усвоени текстовите на четирите нацрт- уставни амандмани, што може да трае до пет дена. Во завршната фаза, за усвојување на амандманите на Уставот потребно е двотретинско мнозинство, односно 80 гласа „за“...

Отворени сме за сугестии за предлог-амадманите за уставните промени, изјави премиерот Зоран Заев отврајќи ја првата јавна дебата во Владата. Ги образложи амандманите со кои ќе се интервенира во Уставот и нагласи дека тие ќе стапат на сила кога и Грција ќе го ратификува Преспанскиот договор и нашето членство во НАТО.
Универзитетските професори посочија дека со амандманите ќе се зацврсти идентитетот, граѓанскиот карактер на државата во своите граници и ќе се прошири грижата за дијаспората насекаде во светот.
Јавните дебати на кои можат да учествуваат сите граѓани, експерти, невладини организации, професори, ќе се одржат во Скопје, Штип и Тетово.
Владата треба да ги вклучи забелешките од петте јавни дебати во предлог- амандманите што ќе ги достави на Собранието. Пратениците, пак имаат право да предложат амандмани на предлог- амандманите.
Ирина Гелевска
