Протест

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од владата

06.12.2018 10:22

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно протестираше пред Владата. Уште еднаш повторија за, како што велат, штетните политики на власта и капитулантскиот договор со Грција за името. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски најави крај на националното понижување и погубните економски политики...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на втор протестен марш против власта порачаа дека ќе се борат против, како што рекоа црната економија, црната сиромаштија, невработеноста, против прогонот.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски рече дека политиките кои што ги води власта во моментов се погубни за државата. Порача дека Македонците не се безимени. Посочи дека протестите ќе продолжат додека не биде нанесен најголемиот пораз против власта, а тоа рече ќе биде на претседателските избори.

Протестот започна од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, од каде граѓаните се упатија до Владата на Република Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека протестот е против сиромаштијата, зголемените даноци, против неправдата и несигурноста, нефункционалниот здравствен систем, тивкиот убиец загадувањето.

 

Дијана Ценевска