Спуст победа за Гај, малиот кристален глобус за Свиндал
Ерик Гај и Аксел Лунд Свиндал се двајцата најзадоволни по спустот во норвешки Квитфјел. Канаѓанецот ја оствари петтата победа во кариерата, Свиндал го обезбеди малиот кристелан глобус. До првиот триумф сезонава 32 – годишниот Гај дојде со 35 стотинки подобар резултат од Французинот Јохан Клари и 57 во однос на Австриецот Матијас Маер. Петтото место пак, му беше доволно на Свиндал пред завршниот спуст во Ленцерхајде да му побегне на Австриецеот Ханес Рајхел недостижни 167 бода во поредокот во најбрзата дисциплина.
Ерик Гај и Аксел Лунд Свиндал се двајцата најзадоволни по спустот во норвешки Квитфјел. Канаѓанецот ја оствари петтата победа во кариерата, Свиндал го обезбеди малиот кристелан глобус. До првиот триумф сезонава 32 – годишниот Гај дојде со 35 стотинки подобар резултат од Французинот Јохан Клари и 57 во однос на Австриецот Матијас Маер. Петтото место пак, му беше доволно на Свиндал пред завршниот спуст во Ленцерхајде да му побегне на Австриецеот Ханес Рајхел недостижни 167 бода во поредокот во најбрзата дисциплина. Двојниот ќар за Свиндал е и во преземањето на првата позиција во генералниот пласман со 25 бода повеќе од уште еден Австриец, Марсел Хиршер.
Женскиот спуст во швајцарска Кран Монтана поради магла е презакажан за утре.
