Француската влада се откажа од зголемувањето на данокот на горивото
06.12.2018 11:14
Неименуван претставник на Елисејската палата изјави дека претседателот Емануел Макрон се откажал од зголемување на данокот за гориво поради страв од ново насилство...

Францускиот премиер Едуар Филип соопшти дека Владата се откажала од зголемување на данокот на гориво во 2019 година, кој претходно беше суспендиран на шест месеци.
Неименуван претставник на Елисејската палата изјави дека претседателот Емануел Макрон се откажал од зголемување на данокот за гориво поради страв од ново насилство, по повеќенеделните протести ширум Франција и најголемите немири во Париз по поцвеќе децении.
