Почина Љубиша Георгиевски

06.12.2018 10:42

Љубиша Георгиевски, истакнатиот македонски театарски и филмски режисер, професор во пензија, поранешен дипломат и претседател на Собранието на Македонија, почина денеска во Скопје на 81 година...

Изутрината на 81 година, почина театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра, Љубиша Георгиевски.

Тој е роден во Битола на 30-ти мај 1937-та година, а во политиката влезе како кандидат за претседател на републиката во 1994-та година.

Георгиевски беше амбасадор во Република Бугарија од 2000-та до 2004-та и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-та до 2008-ма.