Македонскиот пасош 36- ти во светот
Со македонски пасош слободно може да се влезе во 77 земји, додека за 41 земја визата се издава веднаш при влегувањето. За граѓаните со македонски пасоши потребна е виза за патување во 80 земји.

Македонија е на 36-то место на листата од 199 земји чии пасоши овозможуваат најлесно патување, покажува рангирањето што го направила интернет страницата „Паспорт индекс“ за 2018-та.
Со македонски пасош слободно може да се влезе во 77 земји, додека за 41 земја визата се издава веднаш при влегувањето. За граѓаните со македонски пасоши потребна е виза за патување во 80 земји.
Од земјите во регионот најлесно се патува со пасош на Грција која е на петто место, Словенија е на седмото место, Бугарија е на 10-то место, а најслабо рангирано е Косово, на 81-то место.
