Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април

06.12.2018 11:27

На денешното рочиште одбрана треба да дава обвинетиот Александар Василевски- Нинџа, кој има предложено тројца сведоци.

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата од 27-ми април лани во Законодавниот дом. На денешното рочиште одбрана треба да дава обвинетиот Александар Василевски- Нинџа, кој има предложено тројца сведоци.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

Меѓу обвинетите 33 лица, се наоѓаат и повеќемина пратеници, вработени во МВР и во собраниското обезбедување, уметници.

Тие пред судот изјавија дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

За денеска во Кривичниот суд се најавени рочишта и за предметите „Тендери“, „Тарифа“ и раздвоената постапка за „Насилство во Центар“.