Македонија, А. Пандев, Победа и Беласица во полуфиналето на Купот
Победа славеше исто така против фаворизирана екипа, Шкендија со 2:0 со двата гола на Макота (22, 55 минута) и со вкупни 3:0 ќе игра во полуфиналето на Купот, кое што сезонава ќе биде без големите имиња на македонскиот фудбал.

Со втората идентична победа (0:1) во реваншот против фаворизираната екипа на Работнички, составот на Македонија од Ѓорче Петров се пласира во полуфиналниот филтер на македонскиот фудбалски Куп. Стрелец на победничкиот гол беше Кировски во 71-та минута.
Победа славеше исто така против фаворизирана екипа, Шкендија со 2:0 со двата гола на Макота (22, 55 минута) и со вкупни 3:0 ќе игра во полуфиналето на Купот, кое што сезонава ќе биде без големите имиња на македонскиот фудбал.
Академија Пандев со 1:6, односно со вкупни 9:2 против Кораб се пласира на претпоследното скалило во најмасовното фудбалско натпреварување кај нас. Стрелци за победникот на вториот натпревар беа Миловановиќ (32), Крстовски (43, 83), Илиев (65, 67) и Михаилов (76), а за домаќините погоди Мерсовски (33 минута).
Беласица победи по втор пат со 2:0 против Силекс, односно со вкупни 4:0 во двомечот што ја носи во полуфиналните соочувања. Стрелци за победничката екипа на вториот натпревар, беа Милушев (47) и Ѓоргиев (78 минута).
