Вардар спаси глава против Металург
06.12.2018 12:06
Најдобри стрелаци кај Вардар беа Чупиќ, Дизингер и Кристопанс кои што постигнаа по 5 гола. Мора да се истакне одличната вечер на голманот на црвено-црните, Кизиќ кој што имаше 14 интервенции и бранеше спектакуларно кога беше најпотребно.

Македонскиот шампион и лидер во регионалното натпреварување, со крајни напори извојува победа (26:27, 13:11) на гостувањето кај вечниот и градски ривал. Домаќинот дури и водеше во еден дел од натпреварот, но немаше сила да ја задржи позитивата до крајот.
Најдобри стрелаци кај Вардар беа Чупиќ, Дизингер и Кристопанс кои што постигнаа по 5 гола. Мора да се истакне одличната вечер на голманот на црвено-црните, Кизиќ кој што имаше 14 интервенции и бранеше спектакуларно кога беше најпотребно.
Шпенде постигна 6 гола кај Металург, Миличевиќ и Токиќ имаа по 4 погодоци на вечното дерби во СЕХА Лигата. Вардарци имаат 8/2 и се први на табелата, додека екипата од Автокоманда има три порази во низа и со скор 1/1/8 се наоѓа на 9-та претпоследна позиција во поредокот.
Македонскиот првак играше без неколку првотимци, кои што беа поштедени од напорниот ритам во овој дел од сезоната. Во следното 11-то регионално машко ракометно коло, екипата на Вардар гостува кај Железничар, а екипата на Металург ќе игра на домашен терен против составот на Мешков Брест.
Фото: Сеха лига
