СЗО: Да се почитува Парискиот договор
Светската здравствена организација објави извештај во кој ги истакнува ефектите што загадувањето го има врз здравјето на луѓето и предлага можни решенија за креаторите на политиките ширум светот.

Животот на еден милион луѓе ширум светот годишно можат да се спасат до 2050 година ако се почитуваат целите за намалување на загадувањето на воздухот зацртани во Парискиот договор.
Светската здравствена организација објави извештај во кој ги истакнува ефектите што загадувањето го има врз здравјето на луѓето и предлага можни решенија за креаторите на политиките ширум светот.
Главниот двигател на климатските промени – согорувањето на фосилните горива има голем придонес во загадувањето на воздухот, и предизвикува смрт кај околу седум милиони луѓе во светот годишно, како и загуба од 5,1 трилиони долари во системите за социјална заштита.
