Мексико
Мексико Сити ја доби првата жена градоначалник
06.12.2018 12:26
Шајнбаум вети дека ќе изгради жичари до сиромашните импровизирани населби и оти ќе го подобри превозот со автобуси и метро.

Клаудија Шајнбаум стана првата жена градоначалник на Мексико Сити. По положувањето заклетва таа најави дека ќе ја расформира полицијата за сузбивање нереди.
Шајнбаум вети дека ќе изгради жичари до сиромашните импровизирани населби и оти ќе го подобри превозот со автобуси и метро.
Најави и изградба на куќи за луѓето кои ги загубиле домовите во земјотресите во 2017 година, а меѓу главните ветувања и е намалување на криминалот.
