Висок степен на сексуално вознемирување на жените на работните места
Жените на работните места треба да се чувствувааат слободно и безбедно за да го покажат својот потенцијал и да бидат продуктивни, велат од Американската стопанска комора во земјава. Судските постапки за сексуално вознемирување на жените се долги и скапи, а негативниот оддек во јавноста сѐ уште е присутен, велат невладините организации...

Постои висок степен на сексуално вознемирување на жените на работните места, покажуваат истражувања на невладините организации. Велат, за да се подигне свеста се потребни и подобри механизми за заштита, особено во делот на заштитата на жртвите. Проблем е што судските постапки се долги и скапи, а стигмата е сѐ уште присутна.
На работното место поминуваме голем дел од времето и затоа е императив да се создаде атмосфера во која жените ќе можат да се чувствуваат слободно и безбедно, за да го исполнат својот потенцијал и да бидат продуктивни, велат од Американската стопанска комора.
Од комората укажуваат - треба да се инвестира во обука на вработените, да се поттикнуваат нивните интелектуалните способности.
Александра Спировска
