Светиклиментов научен собир на тема „Вера и општество“

06.12.2018 12:48

Одговорноста на црквата во помагање на човештвото и предизвиците на живеењето е во фокус на научниот собир „Вера и општество“, по повод 1.000 години од Охридската архиепископија и 60- годишнинатата на МПЦ...

Еколошки чистата средина е аманет не само од претците, туку и слово запишано во светите стихови, рече деканот на Богословскиот факултет, Ѓорѓевски. Вели, како никогаш досега човештвото се соочува со сопствениот пораз предизвикан од користољубивоста и уништувањето на она што го создал Бог.

Вечната болка на човештвото- класниот јаз во општеството, постоењето на богати и сиромашни е потврдено уште од дамнина. И на иконите ќе видите ликови на богати и парталковци, вели професорот Гроздановски. Сепак, укажа дека духовното богатство се мери поинаку.

Одговорноста на црквата во помагањето на човештвото од опасностотите од сите сфери на живеењето е во фокусот на научниот собир на тема „Вера и општество“, по повод 1.000 годишнината од Охридската архиепископија и 60 годишнинатата од МПЦ.

 

Фиљана Кока