Чингароска остана без пасош
Освен одземениот пасош, Чингаровска треба еднаш неделно да се пријавува во судот. Чингаровска заедно со Илија Димовски и Леко Ристоски се осомничени дека сториле кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.

Осомничената Елизабета Чингаровска остана без пасош. Кривичниот суд го прифатил барањето на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Талир“ и ѝ определил мерки за претпазливост.
Освен одземениот пасош, Чингаровска треба еднаш неделно да се пријавува во судот. Чингаровска заедно со Илија Димовски и Леко Ристоски се осомничени дека сториле кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.
Според образложението, во периодот од 2011-та до 2015-та година осомничените организирале средствата да бидат уплатени на жиро-сметката на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ преку готовински уплати на уплатници во кои биле внесени невистинити податоци, дека уплатата наводно ја вршат лицата наведени во уплатниците.
