ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се покажа како апсолутно неспособна да го реши проблемот со аерозагадувањето

06.12.2018 13:03

Според ВМРО-ДПМНЕ, власта наместо да создава паркови и зеленило, како што ветуваше, создава диви депонии буквално на секој чекор.

Единствена надеж за граѓаните дека ќе дишат чист воздух е да дува ветер или да чекаат да заврне. СДСМ се покажа како апсолутно неспособна да го реши проблемот со аерозагадувањето, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, власта наместо да создава паркови и зеленило, како што ветуваше, создава диви депонии буквално на секој чекор.

И додека Шилегов си игра игрички, Скопје наместо метропола, станува една голема депонија, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.