Втора јавна дискусија за нацрт- амандманите на Уставот

06.12.2018 13:05

Втора јавна дискусија за предложените нацрт- аманадмани на Уставот . По завршувањето на оваа фаза, Владата ќе ги утврди и до Собранието ќе ги достави предлог- амандманите...

На Универзитетот ФОН попладенво се одржува втората од петте јавни расправи за четирите нацрт-уставни амандмани. Говорници се премиерот Зоран Заев, ректорот на Универзитетот, Нано Ружин, универзитетскиот професор Темелко Ристовски, а воведничар е деканката на Правниот факултет, Сејдефа Џафче.

Првата од серијата дебати за уставните измени се одржа вчера во Владата, а беа презентирани повеќе предлози и забелешки од страна на експертите од научната јавност и невладиниот сектор.

Премиерот Заев истакна дека постои отвореност и позитивни размислувања за прифаќање на одредени предлози изнесени на собраниската Комисија и на пленараната седница. Повтори дека амандманите нема да станат дел од Уставот доколку Грција не го усвои Договорот од Преспа и Протоколот за зачленување на Македонија во НАТО.

По пет дена Владата ќе треба да достави Извештај од јавната расправа до Собранието, а потоа претседателот на Собранието, Талат Џафери за 30 дена да закаже пленарна седница на која е потребно двотретинско мнозинство за финално усвојување на уставните измени.