Анѓушев: Растот на БДП дава надеж дека ќе се достигнат бројките од нашите проекции
Посочи дека веќе се одблокирани големите градежни проекти кои ќе донесат и повисоки стапки на раст.

Растот на БДП ни дава надеж дека ќе се достигнат бројките од нашите проекции, изјави вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Посочи дека веќе се одблокирани големите градежни проекти кои ќе донесат и повисоки стапки на раст.
„Првичните резултати што ние ги имаме во нашите инститции, а се надеваме дека и Статистика ќе ги покаже за четвртиот квартал, очекуваме дека градежништвото ќе бележи раст во споредба со претходните години. Она што е важно е дека овој бруто домашен производ е генериран од реалната економија, не е генериран од виртуелни проекти, од проекти кои државата ги правела со задолжување, бидејќи вие лесно може да генерирате БДП во наредните три години ако земете уште три милијарди евра кредит и со нив да направите брзи и виртуелни проекти кои не се во интерес на граѓаните“, изјави вицепремиерот Анѓушев.
Државната статистика преходно објави дека бруто- домашниот производ во третото тримесечје од годинава растел со стапка од три насто.
