Фудбал – Прва лига

Пораз на Турново и победа на Вардар за смена на врвот

01.03.2014 17:11

Двомесечната пауза и зимските подготовки можеби не го кренаа квалитетот, но ова ќе биде една од најинтересните сезони во Првата македонска фудбалска лига. Дури пет екипи се во трка за титулата, а исто толку се под закана за испаѓање затоа што четири тима ќе ја напуштат прволигашката конкуренција поради скратувањето на 10 клубови од следната сезона.  

Двомесечната пауза и зимските подготовки можеби не го кренаа квалитетот, но ова ќе биде една од најинтересните сезони во Првата македонска фудбалска лига. Дури пет екипи се во трка за титулата, а исто толку се под закана за испаѓање затоа што четири тима ќе ја напуштат прволигашката конкуренција поради скратувањето на 10 клубови од следната сезона.  

Некомплетното дваесето коло засега без нерешено и веднаш со смена на врвот. Причина за тоа е поразот на зимскиот лидер Хоризонт којшто како гостин загуби од Брегалница со 2:0, со головите на Аксентиев и Наумов. Поради црвениот картон на Пандев, турновци триесетина минути играа со фудбалер помалку. Ваквиот исход во Штип го искористи Вардар којшто се обидува да направи шампионски хет – трик. За враќање на првата позиција на табелата, црвено – црните се радуваа на победа од 1:0 во Кичево кај Напредок. Во дебито за Вардар, екс репрезентативецот Наумовски постигна гол со ножички во 45-та или само минута по исклучувањето на домашниот играч, Вељановски.

Работнички го торпедираше Пелистер со 4:0 и се израмни со него и со Турново на делба на второто до четвртото место. Два гола постигна Илијоски, по еден Маневски и Тодоровски. Со погодокот на Вујовиќ, Металург ја совлада Ренова со 1:0 и заостанува само бод зад триото екипи пред него.

Единствениот триумф на гости го оствари Еуромилк и тоа 2:0 против Гостивар. Мечот уште во првото полувреме го решија Абдула и Димоски.

Утре ќе играат Шкендија и Македонија Ѓорче Петров.

Резултати – 20 коло:

Брегалница – Турново                      2:0

Напредок – Вардар                           0:1

Работнички – Пелистер                   4:0

Металург – Ренова                            1:0

Гостивар – Еуромилк                       0:2

Шкендија – Македонија Ѓ.П.           утре

 

Табела:

1. Вардар                    37

2. Турново                  34

3. Работнички            34

4. Пелистер                34

5. Металург                33

6. Ренова                    27

7. Еуромилк               26

8. Брегалница                        25

9. Шкендија               23

10. Македонија Ѓ.П.  19

11. Напредок             13

12. Гостивар              11