Склучени договори за кофинансирани грантови вредни 2,5 милиони евра
Склучени се договори за кофинансирани грантови во повеќе сектори. Вкупната вредност на овој пакет поддршка за 10 компании и асоцијации изнесува 2,5 милиони евра, од кои милион се грантови, а веќе се подготвува поддршка на проекти со уште 7,5 милиони евра...

Потпишани се договори за доделување кофинансирани грантови за технолошко проширување. Добитниците се од повеќе сектори, како металопреработувачката, електро, прехранбената индустрија, производството на мебел. Фондот очекува проектите да придонесат за поголема индустријализацијата во земјава и технолошка експанзија.
Од Светска банка велат дека инвестициите полека, но, сигурно се враќаат во земјата. Укажуваат дека за Македонија е клучно да забрза растот на економијата, за да се фати чекор со европските стандарди.
Во наредниот период ќе бидат поддржани проекти со уште 7,5 милиони евра.
Марина Стојанова- Тонева
