Сведочење

Василевски: Атанасовски ме информира дека секој момент ќе биде прогласена воена состојба

06.12.2018 13:48

Обвинетиот Александар Василевски- Нинџа вели дека на 27-ми април бил информиран од Атанасовски дека СДСМ ќе бира претседател на Собранието и дека во секој момент ќе била прогласена воена состојба.

Во рамките на предметот за случувањата во Собранието на 27-ми април во Кривичниот суд - Скопје исказ даваше обвинетиот Александар Василевски- Нинџа.

Според него, екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски го создал Фронтот за Македонија, а зад оваа организација наводно стоела ВМРО-ДПМНЕ.

Нинџа вели дека на 27-ми април бил информиран од Атанасовски дека СДСМ ќе бира претседател на Собранието и дека во секој момент ќе била прогласена воена состојба.

Нинџа изјави пред судот дека УБК ги следело Зоран Заев, Зоран Верушевски и Оливер Спасовски, иако бил министер за внатрешни работи.