Американски авиони се урнаа кај јапонскиот брег
06.12.2018 15:13
Авионите полетале од воздухопловната база на маринскиот корпус Ивакуни, во близина на Хирошима, и спроведувале редовна обука кога дошло до несреќата, соопшти маринскиот корпус.

Јапонското министерство за одбрана соопшти дека се пронајдени двајца членови на екипаж во водите крај брегот на Јапонија, каде што се урнаа два авиона на американскиот марински корпус.
Авионите полетале од воздухопловната база на маринскиот корпус Ивакуни, во близина на Хирошима, и спроведувале редовна обука кога дошло до несреќата, соопшти маринскиот корпус.
Во потрагата по исчезнатите војници се вклучиле и јапонски авиони за спасување.
