Политика

Втора јавна расправа за нацрт- амандманите на Уставот

06.12.2018 15:39

„Имаме фер и праведно решение кое треба да се имплементира преку промена во нашиот Устав“- премиерот Заев на втората јавна расправа за нацрт- амандманите. На дебатата, прашања за гаранциите, интеграциите, употребата, јазикот...

Кој ќе гарантира дека со промената на името, Владата ќе обезбеди подобар живот за граѓаните и дека откако ќе станеме Северна Македонија, никој нема да го попречи патот кон Европската унија и НАТО, го прашаа граѓаните премиерот Заев.

Претседателот на владата одговори- Северномакедонци нема да бидеме, тоа е јасно утврдено како и македонскиот јазик, и никој нема да го оспори тоа. Имаме земја признаена од сите и нема срамот на ФИРОМ да го носиме повеќе. За внатрешната примена на името премиерот одговори дека ќе се случи не подолго од пет години.

На дебатата, дел од граѓаните и од експертите дадоа предлози за тоа како да се подобрат нацрт- амандманите. Професорите Ружин и Ристовски дадоа поддршка за Договорот од Преспа и ја охрабрија Владата во спроведувањето на сите обврски, за како што рекоа, да се затвори македонското прашање. Уверени се дека со тоа Македонија ќе придонесе за стабилизација на Балканот, но и дека ќе биде пример за соседните држави.

Уставните амандманите ќе стапат во сила кога договорот и протоколот за пристапување во НАТО ќе бидат ратификувани од грчкиот парламент, доколку не се изгласаат тогаш нема да има ништо од тоа, рече премиерот Заев.

 

Викторија Милевска