ВМРО-ДПМНЕ: Јавните дебати се задоцнети и фингирани, граѓаните на референдумот го отфрлија договорот
Според опозициската партија, Договорот од Преспа е капитулантски договор со кој се крши Уставот и законите на државата ...

Јавните расправи за нацрт амандманите за уставните измени се фингирани, зашто наводно се ветува дека нешто ќе се измени, а во самата суштина станува збор за распродажба на националните и државните интереси, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„За тоа дека некаква дебата ќе придонесе за уставните измени, тоа е невозможно, бидејќи секој кој го видел оној капитулатски договор ќе види дека не се остава простор за некакво измрдување од она што е прифатено од страна на оваа капитулантска власт. А за секоја лага искажана од страна на Зоран Заев на овие дебати, веќе стигнуваат реакции од Атина преку тамошните медиуми“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Според опозициската партија, Договорот од Преспа е капитулантски договор со кој се крши Уставот и законите на државата и се брише македонскиот идентитет и историја.
