За справување со корупцијата е потребен и граѓански и институционален ангажман
За справување со проблемот со корупцијата е потребен и граѓански и институционален ангажман. Експерти од областа апелираат законите да се спроведуваат. Дел од луѓето, сѐ уште имаат потешкотии да ги препознаат различните форми на корупција.

„Општество кое е ослободено од корупцијата ќе напредува и ќе се развива. Неопходен е граѓански и институционален ангажман за надминување на ова современо зло. Надлежната комисија досега беше нем посматрач на случувањата“, вели генералниот секретар на ова тело. Предвидува дека со новиот закон ќе се надминат недостатоците.
Закони имаме, но, не успеваме да ги спроведеме- оценува професорката Најчевска. Таа не може да се искорени, туку може да се намали или ограничи. Посебен предизвик е и нејзиното препознавање, дополнува Најчевска.
Институциите сѐ уште страдаат од корумпираност, став на невладините институции. Според нивни истражувања, ја има и во образованието и во здравството. Сметаат дека приоритет треба да бидат борбата против најзастапените форми на корупција, но и подигањето на свеста во јавноста.
На Законот за спречување на корупцијата му претстои собраниска постапка, најави премиерот Заев, со низа новини кои ќе треба да ја зајакнат ефикасноста на Антикорупциската комисија. Реформите во оваа област се дел од приближувањето на македонската кон европската регулатива.
Наташа Гркова- Петрушевска
