Грција
Во Атина судир на полицијата и анархистите
07.12.2018 10:54
Демонтрантите поставувале барикади и фрлале молотови коктели врз полицијата, која возвратила со солзавец и водени топови.

Тројца повредени, 66 приведени и три опожарени автомобили во судирите во Атина меѓу група анархисти и полицијата за време на протестите за десетгодишнината од убиството на 15-годишниот ученик Алексис Григоропулос.
Демонтрантите поставувале барикади и фрлале молотови коктели врз полицијата, која возвратила со солзавец и водени топови.
Во тричасовните судири повредени се двајца полицајци и еден граѓанин.
