Прилеп

Меѓународен ден на солидарност за пациентите: Безбедни лекарства и здравство за сите

07.12.2018 11:07

Под мотото „Безбедни лекарства и здравство за сите“, денеска се одбележува Меѓународниот ден на солидарност за пациентите. Од невладините здруженија посочуваат на недостиг на лекови особено за ретките болести, а пак фармацевтите со апел - пациентите да се едуцираат за тоа што е оригинален, а што фалсификуван лек...

Пациентите не се доволно информирани и потребна е едукација за да знаат што е генерички, оригинален, или фалсификуван лек, сметаат фармацевтите. Во земјава најмногу пријави, главно од медицински лица, за фалсификувани лекови имало во 2011-та дури 541, а само 45, во 2016-та,  најчесто за лекови на клиниките и во дел амбуланти. Пациентите допрва треба да се информираат.

Според Светската здравствена организација, од вкупниот број лекови, 10 проценти се фалсификувани. Во развиените земји е само еден процент, а во земјите во развој, преку 30 насто. Лекарите предупредуваат- пациентите не смеат да добиваат замена за лекот во аптеките.

Од асоцијацијата на пациенти со болести на црниот дроб велат- секаде во светот, па и кај нас, има лекови од паралелен увоз, на кои не им се знае производството, транспортот, чувањето, а се продаваат легално. Не седоволни, велат, измените во законот за паралелен увоз.Главно, проблемот е кај оние за ретките болести.

Со предавање и делење флаери, под мотото „Безбедни лекарства и здравство за сите“ асоцијацијата го одбележува Меѓународниот ден за солидарност со пациентите.

 

Елизабета Митреска