Лавров: Уставните измени наметнати со уценување и поткуп на пратеници

07.12.2018 11:21

„Очигледна е големата и континуирана интервенција на НАТО и ЕУ во внатрешните работи на Македонија“, вели шефот на руската дипломатија Лавров.

„Русија е вознемирена поради засилените напори на НАТО и на ЕУ за посвојување на балканскиот регион. Тоа води до нови линии на поделба и до дестабилизација на Европа“, ова ги изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во интервју за грчкиот весник „Ефимерида Тон Синдактон“.

Според него, уставните измени во земјава се наметнати со уцени и со поткуп на пратеници, како и со директна вмешаност на странски дипломати, бидејќи на западот му се брза.

„Очигледна е големата и континуирана интервенција на НАТО и ЕУ во внатрешните работи на Македонија“, вели шефот на руската дипломатија Лавров.