МЗТ останува непоразен во Скопје
07.12.2018 11:25
Разликата во квалитет дојде до израз во третиот период, кога металците имаа +15 со водството 67:52, на крајот имаше повторно поентерски убедлив скор, но на овој натпревар против црногорскиот претставник беше забележливо дека се играше и одбрана, по примените 73 поени.

Аеродромскиот тим победи и на шестиот натпревар одигран во СЦ Јане Сандански, во рамките на АБА 2 лигата, со триумфот против Сутјеска со 94:73. Вицепрвакот на Македонија го контролираше мечот во текот на целата средба, резултатски.
Разликата во квалитет дојде до израз во третиот период, кога металците имаа +15 со водството 67:52, на крајот имаше повторно поентерски убедлив скор, но на овој натпревар против црногорскиот претставник беше забележливо дека се играше и одбрана, по примените 73 поени.
Андрија Бојиќ беше најдобриот стрелец кај штрковите, постигна 26 поени, а имаше и 7 прифатени топки. Иве Иванов реализира 21 поен, Медфорд имаше 16 поени збогатени со 8 асистенции и 7 скока, а Вудард и Дамјан Стојановски имаа по 11 поени.
На табелата, МЗТ Скопје со 7/3 е зад неприкосновениот лидер Приморска од Словенија, со 10/0. Претставникот на БиХ, Спарс има 7/3 на третата позиција и е следниот противник на сино-белите кои што во 11-то коло ќе патуваат во Сараево.
Фото: druga.aba-liga.com, MZT Skopje Aerodrom, Petr Stojanovski
