Шекеринска: Членството во НАТО значи поголема безбедност и сигурност, но и поголем економски раст

07.12.2018 12:47

И експертската и политичката јавност во Македонија се обединети во пораката дека членството во НАТО за Македонија значи зголемена безбедност, зголемена предвидливост, а во исто време и шанси за поголем економски раст...

Членството во НАТО значи поголема безбедност и сигурност, но и поголем економски раст и развој, вели министерката за одбрана Шекеринска. Додава дека тоа го покажува искуството на другите земји членки.

„И експертската и политичката јавност во Македонија се обединети во пораката дека членството во НАТО за Македонија значи зголемена безбедност, зголемена предвидливост, а во исто време и шанси за поголем економски раст. Примерите од соседството, но и пошироко, покажуваат дека членството во НАТО иницира процес на зајакнат економски раст, поголема мобилност и храброст и кај домашните инвеститори, особено зголемен интерес од страна на странските инвеститори“, вели министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Македонија е посветена на исполнувањето на реформите, оценува министерката за одбрана.