Спасовски: Градење на доверба меѓу полицијата и граѓаните
Според министерот за внатрешни, Спасовски, успехот на полициското работење најмногу зависи од поддршката што ја има полицијата од граѓаните. Поддршката значи доверба, посветеност и поставени заеднички цели за безбедна средина за живеење и отсуство на чувство за страв од криминал.

75 насто од граѓаните се чувствуваат главно безбедни, покажува анкетата на ОБСЕ. Огромно мнозинство не се плашат за сопствената безбедност, а оние што рекле дека не се безбедни, како дел од причините ги посочиле уличното осветлување и бездомните кучиња. Граѓаните се изјасниле и дека е потребно поголемо присуство на полицијата.
Според министерот за внатрешни, Спасовски, успехот на полициското работење најмногу зависи од поддршката што ја има полицијата од граѓаните. Поддршката значи доверба, посветеност и поставени заеднички цели за безбедна средина за живеење и отсуство на чувство за страв од криминал.
Свесни сме дека процесот на градење доверба, не смееме да го анализираме независно од процесот на јакнење на професионализмот во полициското работење и зголемување на квалитетот на полициските услуги, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
